БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Стоилковски: Изборот на новиот ЈО е најдемократскиот чекор од страна на една власт во Македонија, додека СДС грчевито се бореа да остане Коцевски кој не се бореше против криминалот и корупцијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ВМРО-ДПМНЕ како носител на власта останува посветена на борбата против криминалот и корупцијата и токму во тој правец прави се што треба за независност на институциите, кои со целосен кредибилитет ќе ги спроведат постапките до крај, нешто што може да се види и од изборот на новиот јавен обвинител, што претставува една од најдемократските чекори до сега во државата, посочува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во своето гостување на „Клик плус“ во телевизија Тв21, истакна дека на позицијата државен јавен обвинител избран е човек со чисто и професионално досие, со кредибилитет, почитуван од колегите и фелата.

„Изборот на Ненад Савески за нов републички јавен обвинител е најдемократскиот чекор до сега покажан од страна на една власт во Македонија кон Јавното обвинителство. Избран е човек со чисто досие, со професионално досие, почитуван од колегите, предлогот дојде од нивна страна, кандидатурата е негова, има волја, има желба, не е политичка фигура или замешан во политиката“, рече Стоилковски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во однос на негласањето на пратениците од македонската опозиција, Стоилковски потенцираше дека тие се навикнати на ликови како Коцевски, кој не презел ниеден чекор во борбата против криминалот и корупцијата и за кој грчевите до последен момент се бореа да остане на функцијата.

„Претходно, претходникот на Ненад Савески, но и за неговиот претходник, СДС грчевито се бореше да останат таму каде што беа. Зборам и за Коцевски, зборам и за молчаливиот Јовески, како што самите го нарекуваа. Сакате да зборуваме за коруптивни скандали, за криминали изнесени пари од Македонија, сакате да зборуваме за наркомафија, сакате да зборуваме за криминал во енергетиката. Сакате да зборуваме за увоз на енергенси, сакате да зборуваме за крадење на струја од европската мрежа, за што бевме опоменувани. Одлично што сакате сега за зборувате, меѓутоа не зборувавте, туку молчевте цело време. Вие се боревте за ликови и застанавте во одбрана на Коцевски да остане јавен обвинител иако велите дека до сега немало никаков чекор направен во борбата против криминалот и корупцијата“, рече Стоилковски.

Во однос на темата за предвремени избори, Стоилковски истакна дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека тие ги има само во главите на Венко Филипче и на останатите неколку ликови во неговата партија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace