БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тенискиот шампион Михаил Кусески одржа тренинг за малите дечиња од градинката „Наша иднина“ од Прилеп

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Познатиот прилепски тенисер, Михаил Кусески има 18 години, а досега има настапувано на многу турнири, како на европско, така и на светско ниво, каде има освоено многу први места.

Меѓу позначајните успеси би ги издвоил десеттото место во Европа, до 16 години, повеќекратен државен првак, учествував исто така за македонската тениска репрезентација. Мојот спонзор е ‘Јонекс’ од Јапонија, со кој го добив европското првенство во Чешка до 14 години. Договорот ми трае сèуште. Соработуваме, контактираме и многу сум задоволен од нивната поддршка. Минатата година тренирав за тениската академија ‘Ферер’ во Шпанија. Преку овој спорт стекнав многу искуства и пријатели. Мислам дека добро е дечињата од мала возраст да се запознаат со тајните на тенисот. Кој знае можеби некој од овие дечиња ќе биде следен државен репрезентативец или светски првак. Што се однесува до моите ангажмани во моментов започнувам со подготвки за фјучерси турнирите. Потоа патувам за Мостар, а следна моја дестинација е Австралија, каде ќе тренирам за да продолжам со натпреварите што следуваат ,

-вели Михаил Кусески.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Настанот се одржа под мотото „Дружете се, забавувајте се, играјте за подобро здравје“ во соработка со градинките „Наша иднина“ и бизнис секторот.

Децата од 4 до 6 годишна возраст се запознаа прв пат со тенисот како спорт на новоуредените тениски терени на клубот. Михаил Кусески е прогласен за најдобар спортист на државно ниво во тенис.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace