БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сериозен успех во напредокот на изградбата на трасата на автопатот Гостивар- Букојчани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Внимателното планирање, упорноста на надлежните во министерството како и ефикасно надминување на сите техничко-технолошки предизвици на автопатот на потегот меѓу Гостива и Букојчани позитивно се рефлектираат на учинокот на терен кој што градежната оперетива на изведувачите го реализира. Резултатите се видливи на терен преку остварената километража на земјаните работи, но и изведбата на објектите на автопатот кои што се од импресивни размери. Станува забор за значајна автопатска делница која во суштина овозможува заобиколување на превојот “Стража” со што значително се олеснува сообраќајот на граѓаните кои што гравитираат во овој дел од државата.

Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски амбициозно и внимателно ја следи изградбата на овој автопат и заедно со неговиот тим се во постојан фокус за обезбедување на целокупната логистика за изведувачите да бидат ефикасни во работата на терен..

Тој упати своја порака преку социјалните мрежи пренесувајки и неколку фотографии од самата траса кад се гледаат грандиозни градежни зафати

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража).

Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите.

🏗️ Се работи на 4 моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен.

Ја градиме Македонија 🇲🇰“

-напиша на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот