Внимателното планирање, упорноста на надлежните во министерството како и ефикасно надминување на сите техничко-технолошки предизвици на автопатот на потегот меѓу Гостива и Букојчани позитивно се рефлектираат на учинокот на терен кој што градежната оперетива на изведувачите го реализира. Резултатите се видливи на терен преку остварената километража на земјаните работи, но и изведбата на објектите на автопатот кои што се од импресивни размери. Станува забор за значајна автопатска делница која во суштина овозможува заобиколување на превојот “Стража” со што значително се олеснува сообраќајот на граѓаните кои што гравитираат во овој дел од државата.

Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски амбициозно и внимателно ја следи изградбата на овој автопат и заедно со неговиот тим се во постојан фокус за обезбедување на целокупната логистика за изведувачите да бидат ефикасни во работата на терен..
Тој упати своја порака преку социјалните мрежи пренесувајки и неколку фотографии од самата траса кад се гледаат грандиозни градежни зафати
“Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража).
Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите.
Се работи на 4 моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен.
Ја градиме Македонија
“
-напиша на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026