Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов во изјава за медиумите информираше дека пожарот на Градската депонија во Кочани, кој избувнал вчера околу 2 часот по полноќ, според првичните сознанија е предизвикан со намерно палење.
– Едноставно некому најверојатно му пречи како е средена и како функционира депонијата, најверојатно му треба чад и отров со што би нѐ тровел, па од многу тешко пристапен терен, некој пироман направил еден вид обрач, веројатно со бензин, и ја потпалил депонијата. Вчера од 4 часот наутро до доцна навечер направивме максимални напори и постигнавме голем напредок – го ограничивме пожарот и го локализиравме на самата депонија – истакна градоначалникот.
Утринава заседаваше Кризниот штаб на Општина Кочани, на кој учествуваа претставници на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, КЈП „Водовод“, Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво. На состанокот беа донесени насоки за натамошно постапување, а на терен продолжуваат интензивните активности за целосно справување со пожарот.
Градоначалникот упати апел до граѓаните да се воздржат од какви било дејствија што можат да ја загрозат безбедноста и здравјето на населението, најавувајќи дека Општината ќе воведе засилен надзор на депонијата со мобилни патроли и термални дронови за откривање и спречување на евентуални нови обиди за намерно предизвикување пожари.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година