Во рамки на неговата работна посета на Словенија Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски покрај многуте други средби и настани денеска се сретна со Рок Шарлохар- поранешниот ремрезентативец на Република Македонија во хокеј на мраз кој што е по потекло од Делчево а живее и работи во Словенија
Денес остварив една навистина убава и драга средба со уште еден наш ДЕЛЧЕВЕЦ – Рок Шарлохар (Rok Šarlohar).
Рок по потекло е од Делчево, а во минатото беше и репрезентативец на Република Македонија во хокеј на мраз. Денес својата спортска приказна успешно ја продолжува во Република Словенија, каде што е претседател и активен играч на актуелниот шампион во хокеј на ролери, HK Dolenjeski Toplice.
Ваквите средби се потсетник дека од нашето Делчево потекнуваат луѓе со големи способности, посветеност и успеси, луѓе со кои навистина треба да се гордееме. ![]()
![]()
Рок, ти посакувам уште многу успеси на спортски и на личен план!
Горди сме на нашите ДЕЛЧЕВЦИ, каде и да се! ![]()
![]()
#Делчево#Делчевци#Гордост#Спорт#Хокеј

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!