Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во присуство на Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Велес Марко Колев, во модернизираниот објект кој што претставува команден центар на СВР Велес го означи почетокот на работата на системот “Безбеден град” кој што во изминатиот период беше инсталиран и тестиран за работа а кој што ќе значи поголема безбедност на улиците во градот.
“Заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска го посетивме модернизираниот команден центар на СВР Велес, сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои речиси две децении не биле во употреба и го означивме почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Велес.
Првите бројки се охрабрувачки. За околу ден и половина се констатирани околу 150 прекршоци на подрачјето на Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија, најголем дел за брзо возење, а само неколку за поминување на црвено светло. Тоа покажува дека граѓаните ги менуваат навиките и сè повеќе ги почитуваат сообраќајните правила.
„Безбеден град“ не го воведовме за да го полниме буџетот. Го воведовме за да спасуваме човечки животи.
А резултатите веќе се гледаат. Ако заклучно со август минатата година сме имале 96 жртви во сообраќајот, оваа година во истиот период имаме 61. Тоа е намалување од околу 40 проценти и силна потврда дека мерките што ги преземаме даваат резултат.
Благодарност до граѓаните, медиумите, општествено одговорните компании, Фудбалската федерација на Македонија и сите кои се вклучија во оваа заедничка мисија. Покажуваме дека кога сите ќе ја преземеме својата одговорност, можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура.
Продолжуваме со модернизација на полицијата и со ширење на „Безбеден град“, затоа што целта е една и јасна – побезбедни улици, помалку сообраќајни незгоди и, пред сè, спасени човечки животи.”
-напиша на социјалните мрежи Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во оваа пригода.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани