Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска во претсдателската резиденција на Водно оствари проштална средба соАмбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македоноиија н.е. Метју Лосон. Во мандатот на амбасадорот Лосон Македонија потпиша договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство што претставува чин од историско значење за Македонија.
“Денеска остварив проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон.
Му заблагодарив за личната посветеност и проактивност во зајакнувањето на македонско-британските односи и му посакав добро здравје, среќа и понатамошен успех на професионален план.
Подигнувањето на односите на ниво на стратешко партнерство е ново поглавје во нашите билатерални односи, коешто отвора простор за поширока соработка во иднина.
Обајцата сметаме дека визното олеснување меѓу двете земји би ги зајакнало врските меѓу граѓаните и би придонело за поголема трговска и академска размена, како и за развој на туризмот.”
-напиша на социјалните мрежи Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова во врска со оваа средба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар