БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нова канализација за жителите на улицата “Кузман Ј. Питу” во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со инвестиција од над 2,2 милиони денари Градоначалникот на општина Виница Митко Костадиновски преку избран економски оператор ја започна изградбата на новата канализација по должина на улицата “Кузман Јосифовски Питу” во Виница. Станува збор за реално потребен проект за самите граѓани кои што имаат свои објекти на овој потег од градот Виница.

“Започнавме со изградба на фекална канализација на улицата „Кузман Јосифовски Питу“ во Виница.

Проектот опфаќа изградба на канализациона мрежа во вкупна должина од 470 метри, со што ќе се обезбеди еден од основните услови за квалитетно живеење и уредна комунална инфраструктура за жителите на овој дел од градот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

💰 Вкупната инвестиција изнесува 2.242.810 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.

Продолжуваме со унапредување на комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за живот за сите жители на Виница.”

-информираше со свое соопштение во јавноста градоначалникот на Виница Митко Костадиновски

Креирано од:


Пренеси го гласот