БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За Денот на рударите во Македонска Каменица се најавува повторно богата забавна програма

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонска Каменица во последните години за 28-ми Август стана задолжителна дестинација што едноставно мора да се посети.

Тогаш жителите на ова рударско гратче од истокот на државата го празнуваат Денот на рударите и христијанскиот празник Голема Богородица.

По повод овој ден Општината заедно со сите културни чинители во градот организираат богата културно-забавна програма која претставува своевиден мамец за многу луѓе од поширокиот регион..

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За оваа година на 28-ми Авуст најавен е настапот на хрватската и балканска музичка дива Јелена Розга како и на српскиот ска-панк-рок бенд С.А.Р.С.

Со ваква скапа и репрезентативна по квалитет музичка програма многу останати градови од Источниот регион не можат да се пофалат, што секако е благодарение на приватните спонзори кои одвојуваат значителни финансиски сретства за збогатување на културната понудаза жителите  во градовите каде ги реализираат своите бизнис активности.

Покрај Македонска Каменица, слични вака поголеми настани се реализираат и во Берово и Пехчево, повторно благодарение пред се на приватните донатори.

Секако овие примери се доволен поттик за подигање на општествената одговорност на повисоко ниво и за останатите поголеми приватни компании во регионот да овозможат ваков или сличен културен благодет за нивните вработени и нивните соработници во местата каде остваруваат профит.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace