БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со 65 гласа “ЗА” избрана новата техничка влада. Ова се имињата на сите министри

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На чело на новата техничка влада која со гласовите на СДСМ, ДУИ и нивните коалициски партнери успеаа да ај изгласаат со 65 гласа „за“ и тројца „против“ застана Талат Џафери.

Премиерот Џафери и министрите дадоа свечени изјави по изгласувањето на Владата.

Како прв заменик – премиер на Владата и вицепремиер за европски прашања е избран Бојан Маричиќ, а Артан Груби е изгласан за министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски е избран за министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски за министер за труд и социјална политика.

Во оваа техничка влада продолжуваат да бидат министи и досегашните членови на владата: Кренар Лога – министер за правда, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Меџити – министер за здравство, Јетон Шаќири – министер за озбразование, Ристо Пенов – министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска Стојчевска – министерка за култура, Азир Алиу – министер за информатичко општество и администрација, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Каја Шукова – министерка за животна средина, Фатмир Битиќи – министер без ресор задолжен за економски прашања и Славица Грковска – министерка без ресор задолжена за политики за добро владеење.

Основна задача на преодната влада е организирање фер и демократски парламентарни избори.

На заедничката фотографија која ке остане за историја не се појавија министрите назначени по сила на законот од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace