Барот посветен на серијалот “ Игра на тронови” се наоѓа во Вашингтон и е дизајниран и мотивиран комплетно според серијалот. Барот дури ја има и „Салата на лицата“.
„Како што рекол големиот Џорџ Мартин, мора да постои задоволство во она што го работиш, а ние веруваме дека ‘Игра на тронови’ е серија на деценијата“
– изјавил еден од сопствениците.
Барот не штедел на детали, менаџерот и сопствениците најмиле неколку уметници и секој од нив работел на посебен дел од барот. Се разбира, и пијалаците се во стилот на ТВ серијата, а барот е преполн со гости нон стоп. Барот создал неколку коктели чии имиња се инспирирани од серијата. На пример, посетителите може да си порачаат „Северот памти“ или „Ланистерови праќаат поздрав“.
Додека уживате во својот пијалок ќе ја слушате и музиката од серијата.
„Вработените најчесто носат некој оклоп, или пак се облечени како Калиси. Слично и со гостите, за да го доживеат барот како што треба најдобро е да бидат облечени соодветно.“
– Изјавил менаџерот.
Уживајте во фотографиите од овој несекојдневен бар.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Што значи Bajram Šerif Mubarek Olsun, а што значи Allah razi olsun?
Почина легендарниот актер Џејмс Ерл Џоунс
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”