БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Актерката одвај добивала сендвич за време на вториот појадок за нејзината улога во епскиот филм

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Филмската екранизација на едно од најзначајните дела на светската литература “Господарот на прстените” во режија на Питер Џексон претставува своевидна филмска магија која што од моментот на нејзиното појавување во 2001 година па се до ден денес е една од најреспектираните филмски адаптации на некое литературно дело.

Заработката на филмската трилогија “Господар на прстените” според официjалните податоци на бокс офисот надминува 3 милјарди долари, но влијанието кое што го има извршено оваа филмска фантастична приказна се мери со бесмртна цивилизациска вредност.

Покрај енормната финансиска заработка на трилогијата која што подоцна беше проширена со екранизацијата на “Хобитот” повторно со филмска трилогија, една од актерските ѕвезда коа е еден од најзначајните ликови во тој замислен фантастичен универзум Кејт Бланшет вели дека актерската екипа била среќна ако добијат бесплатни сендвичи за вториот појадок.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За време на нејзиното гостување во ток шоуто „Гледајте што се случува во живо“ минатиот вторник, водителот Енди Коен ја замоли актерката да ја открие најголемата плата што некогаш ја добила за филм.

„Мислам дека тоа е веројатно Господарот на прстените“, се обиде да претпостави Коен.

На што изненадената Бланшет одговорила: „Дали ме шегуваш? Не, никој не доби ништо за да го направи тој филм“.

Кога Коен ја прашал дали добила „дел од заработувачката“, Бланшет одговорила: „Не! Тоа беше многу пред сето тоа, знаете, не, ништо“.

Бланшет во епската сага ја играше улогата на големиот елф Галадриел во трилогиите „Господар на прстените“ и „Хобит“ на Питер Џексон. Таа го наведе режисерот како клучна причина за нејзиниот “упад” во Средната Земја.

„Сакав да работам со момчето што го направи Braindead“, објасни таа, мислејќи на филмот со зомбија на Питер Џексон од 1992 година. „Мислам, во основа добив бесплатни сендвичи и можев да си ги зачувам ушите… Не, никој не доби ништо.”

Бланшет додаде: „Жените не се платени толку многу колку што мислите дека добиваат“.

Еден од колегите актери на Бланшет, Орландо Блум – кој го играше принцот на Мирквуд, Леголас – во 2019 година во епизодата на шоуто Хауард Стерн дека му платиле само 175.000 долари за неговата инволвираност во целата трилогија на Господарот на прстените.

„Не добив ништо. 175 долари еднократно. Три филма“, рече тој пред да се насмее. „Слушај: најголемиот подарок во мојот живот ми го дадоа и би го направил тоа повторно за половина од парите“.

Пред и по филмската екранизација на “Господарот на прстените” и “Хобитот” иако многумина се обиделе не ги постигнале успехот на екранизацијата на Питер Џексон.

На Apple сервисот за крајот на месецт се најавува продолжението односно втората сезона од серијата “Господар на прстените: Моќни прстени ” коа што и покрај огромниот буџет за снимање и продукција на серијата ни најмалку не се приближи на успехот на двете трилогии на Питер Џексон.

Понекогаш за успех не се потребни многу пари, потребно е само пасиониран уметник со знаење, цел и визија!

Креирано од:


Пренеси го гласот