БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Алармираат на современите дефекти на општеството. Нов сингл со видео на Nightwish

Пренеси го гласот

Неодамна беше објавен новиот сингл “Врева” (Noise) на финско-холандскиот метал бенд Nightwish.

Синглот со впечатливиот видео запис кој е објавен на 7ми февруари ќе се најде на деветиот по ред студиски албум на бендот, чие што објавување во јавност е најавено за 10ти април.

Албумот е продуциран и е во издание на Nuclear blast records кои што важат за едни од најдобрите продукциски и издавачки куќи во светот за овој вид на музика.

Во видео записот за песната Noise се илуструрани повеќе дефектни аномалии на денешното современо општество кои го окупираат времето и животите на луѓето, кои што доведуваат до своевидни апсурдни општествени текови и појави.

Погледнете во видеото во продолжение за што точно станува збор:

Креирано од:


Пренеси го гласот