• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Регион

Алесио од делчевското Тработивиште сам научил да чита и пишува на четири години

мај 26th, 2018 Регион коментари 649

Алесио е роден во Швајцарија. Имавме ресивер од македонски оператор за да бидеме во тек со настаните во Македонија. Алесио така почна да ги учи буквите на кирилица, самиот, вели таткото Томас Фератов Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во делчевско Тработивиште постои речиси еден век. Годинава првпат има толку талентирано дете кое морало да прескокне едно одделение.

Седумгодишниот Алесио Фератов наместо во клупите со вторачињата, седи со оние од трето одделение. Сите се во иста училница, седум ученици учат во комбинирана паралелка. Три во второ, четири во трето одделение.

Во старото селско училиште нè пречекаа наставниците, учениците, а меѓу нив и малиот Алесио и неговиот татко Томас. Сите се горди на успесите на Алесио. Тој ќе остане запаметен како детето што прескокна едно одделение.

Сака да биде научник

Наставничката Весна Димитровска ни раскажа дека Алесио го запознала оваа учебна година кога требало да биде второ одделение. Но, уште на првиот час сфатила дека тој знае сè.

– Му беше досадно, буквално немаше нешто што веќе не го знаеше од материјата што ја учевме. Сфативме дека треба да го префрлиме во трето.

Разговаравме со педагогот и родителите. Не згрешивме. Покажува одличен успех, најдобар е во класот. Математиката најмногу му оди, а сака да биде научник – вели неговата наставничка.

Алесио е срамежливо момче кое не сака премногу да се истакнува, но штом се спомнат учење и книги, ја крева главата и широка насмевка му го грее лицето. Ни вели дека сам научил да чита и да пишува кога имал четири години. Ние сме зачудени, а наставничката гордо се смешка. Татко му Томас ни ја потврдува информацијата.

– Алесио е роден во Швајцарија. Имавме ресивер од македонски оператор за да бидеме во тек со настаните во Македонија. Алесио така почна да ги учи буквите на кирилица. Еден ден гледавме вести, а долу под сликата течеа информации. Алесио почна да ги чита буквите. Имаше само четири години. Никој не му кажал ниту една буква. Со сопругата се изненадивме.

За неколку недели веќе почна сè да чита – раскажува татко му.

Алесио покажувал интерес за учење од многу мала возраст, особено за математика и природни науки. Наставничката Димитровска вели дека на овој мал гениј беспрекорно му одат сите предмети, но најмногу ја сака математиката.

– Сакам да бидам научник, да правам експерименти – ни вели срамежливо Алесио.

Одлично зборува македонски, германски и англиски јазик, а малку разбира и ромски Алесио прво одделeние завршил во Швајцарија. Кога се вратиле во Тработивиште, се запишал во второ. Тој зборува македонски, германски и англиски јазик, а малку знае и ромски. – Иако сме Роми, дома го зборуваме македонскиот јазик, па затоа Алесио не зборува баш најдобро. Всушност, македонскиот му е мајчин јазик – вели татко му Томас. Тој, пак, 23 години ги поминал на работа во Швајцарија. Зборува англиски, германски, италјански, ромски, македонски и српски јазик. Во Македонија се вратиле откако зел инвалидска пензија поради повреда, а и не бил задоволен од условите во кои учел Алесио. – Многу талентирано дете е, сака да прави експерименти, сам измислува некои работи. Срам ми е да кажам, ама и мене ми дава совети кога ми требаат. Тој одеше две години во Цирих во градинка и прво одделение во училиште. Ќе бидам искрен, не ми се допаѓаше како му влијаеше средината, конкретно во неговото училиште. Немаше дисциплина, многу нации и народности на едно место собрани. Јас сум космополит, но тоа таму не ми се допаѓаше. Тоа е причината што се вративме да учи тука – раскажува Томас.

Знае да преинсталира цел компјутер За одлуката Алесио да скокне едно одделение, смета дека е вистинска бидејќи во спротивно ќе имало негативен ефект врз детето. – Алесио е интелигентно момче, љубопитно, сака да учи. Се мачеше во второ на почетокот, секој ден кажуваше дека нема што да прави и што да учи. Верувајте, прави чуда со компјутерите, знае да преинсталира цел компјутер, а разбира и софтверски операции – раскажува Томас.

Алесио ќе остане да живее во Тработивиште додека не го заврши основното образование, а за средношколското можеби ќе ги сменат плановите. – Не знам што ќе биде понатаму, засега остануваме тука. Ќерката ми е во Швајцарија, таму учи, има 18 години. Ќе одиме летово да ја посетиме, а и Алесио да биде повторно во контакт со јазикот – завршува татко му.

Автор: Милена Атанасоска-Манасиева

Извор: www.deca.mk

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Груевски му се обрати на Талат преку фејсбук
Следна објава Шпанци со МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ во Германија
Може да Ве интересира:
Кандидатка за советник од СДСМ си го бара ветеното вработување во М. Каменица
Регион

Кандидатка за советник од СДСМ си го бара ветеното вработување во М. Каменица

март 6th, 2021 1015
Во последната година од мандатот на Градоначалникот на Карбинци му текна дека патот Таринци - Балван е дивоградба
Регион

Во последната година од мандатот на Градоначалникот на Карбинци му текна дека патот Таринци - Балван е дивоградба

март 2nd, 2021 170
Како ли само изгледа од внатре цевкава која носи вода за пиење за жителите на М. Каменица
Регион

Како ли само изгледа од внатре цевкава која носи вода за пиење за жителите на М. Каменица

февруари 28th, 2021 164
Претседателот на Советот на Општина Делчево наплаќал за адвокатски услуги од институции во Македонска Каменица, алармираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево
Регион

Претседателот на Советот на Општина Делчево наплаќал за адвокатски услуги од институции во Македонска Каменица, алармираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

февруари 17th, 2021 317
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за реваншизам и непрофесионални преместувања во МВР во Кочани
Регион

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за реваншизам и непрофесионални преместувања во МВР во Кочани

февруари 16th, 2021 137
Пред 3 месеци Бочварски се пофали дека потрошил 2.3 милиони евра за 10 км пат, кој денес изгледа вака
Регион

Пред 3 месеци Бочварски се пофали дека потрошил 2.3 милиони евра за 10 км пат, кој денес изгледа вака

февруари 15th, 2021 300
Соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани
Регион

Соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

февруари 15th, 2021 153
Донација од Германија на возило за чистење снег од 2017 година се уште не стигнало во општина Лозово
Регион

Донација од Германија на возило за чистење снег од 2017 година се уште не стигнало во општина Лозово

февруари 14th, 2021 623
СДС Оил преку компанијата "Изнајден инвеститор" од 2017 година отвара бензинска пумпа во Лозово
Регион

СДС Оил преку компанијата "Изнајден инвеститор" од 2017 година отвара бензинска пумпа во Лозово

февруари 14th, 2021 194
Facebook Comments
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

1111
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

924
Најнови објави
Мар 6th 8:23 PM
Политика

Мицкоски згрме: Нема пакт со криминал и криминалци!

Мар 6th 3:45 PM
Твитеризам

Игор Дурловски ги исцрта неговите линии за помирување

Мар 6th 11:36 AM
Глас од истокот

Една изборна единица во Македонија за продолжување и етаблирање на животот на “Северна”

Мар 6th 9:43 AM
Став

Љубомир Цуцуловски: БЛИСКУ ДО УМОТ Е… (За шпиуните и соработниците на туѓи држави)

Мар 6th 9:17 AM
Став

Росоклија: АМБАСАДИ БЕЗ ФУНКЦИЈА, СО АМБАСАДОРИ ИЛИ БЕЗ НИВ

Мар 6th 7:32 AM
Македонија

Коцарев: Катедрите за Македонски јазик и Македонска книжевност да бидат прогласени од национално значење

Мар 6th 6:31 AM
Политика

Заштитата на аудиовизуелното наследство – маргинализиран сегмент од Годишната програма на Министерството за култура

Мар 6th 1:12 AM
Регион

Кандидатка за советник од СДСМ си го бара ветеното вработување во М. Каменица

Мар 6th 12:57 AM
Македонија

Најава за протест на здружението Аманет 1903-та пред Владата во Скопје

Мар 5th 8:01 AM
Став

Ковачки: Што е бре ова лигавење и самопонижување? За што сте платени од македонските граѓани, да коленичите или да се борите?

Набери здравје
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Ковачки: Што е бре ова лигавење и самопонижување? За што сте платени од македонските граѓани, да коленичите или да се борите?
Став

Ковачки: Што е бре ова лигавење и самопонижување? За што сте платени од македонските граѓани, да коленичите или да се борите?

Мар 5th, 2021 1070
Кандидатка за советник од СДСМ си го бара ветеното вработување во М. Каменица
Регион

Кандидатка за советник од СДСМ си го бара ветеното вработување во М. Каменица

Мар 6th, 20211015
Сепак Коцарев бил во право: Програма за укинување на катедрата по Македонски јазик е дел од програмата на Деканот на Филолошкиот факултет "Блаже Конески"
Наука

Сепак Коцарев бил во право: Програма за укинување на катедрата по Македонски јазик е дел од програмата на Деканот на Филолошкиот факултет "Блаже Конески"

Мар 3rd, 2021943
Коцарев: Катедрите за Македонски јазик и Македонска книжевност да бидат прогласени од национално значење
Македонија

Коцарев: Катедрите за Македонски јазик и Македонска книжевност да бидат прогласени од национално значење

Мар 6th, 2021796
На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои
Глас од истокот

На Зоран Заев не би му доверил ни седишта во кино да брои не пак Македонци да брои

Мар 1st, 2021493
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
Creative-Photo-Ideas-for-Real-Daredevils-17
omar burkan 12
floor jansen 05
38-2
al pacino 19
Kelly Brook 25
graduates2018-42
31-12-2017-1514717888
burning man 2017 08
Kelly Brook 45
Bianca Van Damme08
shadow and art 14
56485690 328424204397162 7053600588080087040 n
burning man fest 004
burning man fest 023
12-11-2015-1447336727
31-12-2017-1514718416
15-10-2015-1444898600
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.