Спаси ме Боже, од болните луѓе
што се накажани,
та не се криви,
нивната злоба умерено суди ја,
самите од неа одвај се живи.
Тие се мислат повикани да водат
како Мојсија и другите пророци
а самите не можат да се ослободат
и влечат по себе ситни пороци.
Дај Господе, што помалку очите да
им ги бодам –
штом тие лево ќе фатат,
јас десно да одам.
БЛАЖЕ КОНЕСКИ
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мислимe не може полошо- се лажемe: Врховниот суд пред одлука што може да го урне македонскиот економски систем
Kрис Павловски донираше еден милион денари за семејствата и настраданите
Тошковски: Секој еден којшто допринел за оваа ужасна трагедија којашто и се случи на Македонија ќе одговара, нема да е како досега во случаите