БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Анкета за План за одржлива урбана мобилност во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Се покануваат граѓаните на општина Кочани да се вклучат во анкетата поврзана со изработката на План за одржлива урбана мобилност, што Општина Кочани ги реализира како дел од проектот „Развивање планови за одржлива урбана мобилност за општините Кочани, Кавадарци, Струга, Струмица и Прилеп“ во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта со поддршка на Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, Договор на Министерство за транспорт на РСМ со заеднички настап на TRT Transporti e Territorio Srl, Milano (Италија како водечки член) и Bogazici Proje Muhendislik A.S (Турција, како член, консултант).

Иницијативата е насочена кон подобрување на пристапноста, промовирање на одржливи начини на транспорт со опфат на влијанието врз животната средина.

Развивањето и спроведувањето на Планот за одржлива урбана мобилност (ПУМП), SUMP е сложен процес кој бара работа и координација помеѓу поврзаните политики и локалните чинители. За соодветна транзиција кон одржлива мобилност бараме активна поддршка од пошироката јавност со вклучување во текот на процесот на планирање,  добра проценка, анализа на различни политики за одржлива урбана мобилност со стратешки пристап, затоа, ве повикуваме да одговорите на прашалникот за предлог-мерки.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пополнувањето на прашалникот нема да ви одземе повеќе од 5 минути.

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeAqtshe0qAJd1w0V1ANLBmUKbJn-VNZtcjCqaZeMyL5s3UZQ/viewform

Креирано од:


Пренеси го гласот