БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанушев од Пробиштип: На следните избори Македонија ќе почне со обновата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во рамки на кампањата за Обнова на Македонија, беше во работна посета на Пробиштип.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата изјава од истокот на Република Македонија:

Она што жителите на Пробиштип замолуваат да биде пренесено и секако ние како ВМРО-ДПМНЕ земаме обврска сето тоа да го преточиме во нашата изборна програма за претстојните избори во април 2020 година, е всушност она што го гледаме секојдневно на ниво на цела држава, нешто што се случува во овие речиси повеќе од 3 години во Република Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Негрижата на оваа, буквално најнеспособна влада во историјата на државата го гледаме и овде во Пробиштип. Како еден од поголемите примери е изградбата на патот, на главната артерија која што Пробиштип го поврзува со остатокот од Република Македонија, тоа е патниот правец Крупиште- Пробиштип кој еве веќе 3 години оваа неспособна власт не успева да го заврши.

Меѓутоа тука е проблем и со јаловината, којшто исто така е едно предизборно ветување, кое што е поврзано со здравјето на жителите, но и со заштитата на животната средина, не е започнато да се решава овој проблем. Изградбата на втората и третата фаза на пречистителната станица, односно од делот на хидросистемот Злетовица.

Тоа е она што го гледаме овде во Пробиштип, исто како и многу други нерешени проблеми, бидејќи уште еднаш ќе повторам станува збор за една криминално- рекетарска влада, кои што единственото нешто е што гледа како да ги полни сопствените џебови, а не интересот на граѓаните.

Меѓутоа овде од Пробиштип денес ќе порачаме дека Заев паѓа, обновата почнува и дека на следните избори кои што ќе се случат за неколку месеци Македонија ќе почне со обновата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace