Интегрален став на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во продолжение:
“Пари од владата нема за никој и за ништо – ниту за докторите и медицинскиот персонал, ниту за стопанството, ни пак за граѓаните на Република Македонија … пари има само за „верните“ слуги на Заев – СЈО!
Во причините за донесување на Уредбата со која „пари за СЈО мора да има“, Владата си навела, внимавајте, дека „баш“ поради постоењето на вонредната состојба се јавила потребата од донесување на Уредба со цел уредување на одредени прашања поврзани со СЈО, за да се предвиди и начинот на финансирање, во смисла на исплаќање на средства за тековни и заостанати трошоци за работа и за заостанатите неисплатени плати и додатоци на плати!
Да биде небулозата уште поголема, во материјалот кој го потпишала министерката Рената Дескоска, навела дека носењето на Уредбата за СЈО нема да предизвика фискални импликации – „демек“ не се потребни буџетски, т.е. државни пари за истата да се реализира.
Во однос на тоа колку е „вистина“ дека Уредбата за СЈО нема да има никакви фискални импликации, односно колку навистина Заев, Спасовски и Владата нема да трошат државни пари, ќе оставам сами да процените, во продолжение само ќе ве потсетам колку потроши СЈО во изминатите години:
– 2019 година – 2.428.000 €,
– 2018 година – 3.178.500 €,
– 2017 година – 2.621.000 € и
– 2016 година – 2.009.000 €.
Додека докторите немаат ниту за маски, додека слушаме сведоштва за тоа дека луѓе умираат по ходниците, владата и оваа година троши неколку милиони за СЈО.
Ова е дебакл влада … која неодминливо ме потсеќа на култната реплика од Диво месо на Горан Стефановски “човек не може да ве исплаче колку сте за жалење” .”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Секој студент ќе добие ваучер од 15.300,00 денари за купување на компјутер. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон
Обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
Перински: Македонија и Унгарија ја продлабочуваат соработката во два клучни сегменти, регионален развој и локална самоуправа