Независниот академски синдикат (НАкС) смета дека е преседан притисокот од владата, преку универзитетот, односно работодавачот да формира нов синдикат.
Од НАкС наведуваат дека дописот и собирањето на ректорите од министерот за образование, Арбер Адеми, претставува прекршување на Законот за работни односи, бидејќи според законот работодавачот (универзитетот) не смее да се меша во синдикалното здружение и во работењето на синдикатот.
Од синдикатот наведуваат дека последните случувања претставуваат отворена закана која се базира на измама. Измамата, според нив, се состои со тоа што се тврди дека покачувањето на платите не може да се направи без колективен договор со репрезентативен синдикат. А, за да биде небулозата уште поголема, од НАкС потенцираат дека уште пред 3 месеци предложиле и доставиле до министерот Адеми предлог колективен договор.
Но, што друго може да се очекува од Заев и криминално-рекетарската банда на СДСМ, освен лаги, манипулации, закани, притисоци, криминал и корупција?!?
-фејсбук статус на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!