БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанушев: Во градот Велес трагите од Заевизмот се погубни

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на вчерашниот ден Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев присуствуваше помеѓу граѓаните на општината Велес. Притоа се запозна со секојдневните проблеми на велешани како резултат на актуелните политики на власта.

Во продолжение го пренесуваме неговото соопштение во целост во врска со оваа негова посета:

“Разговорите за Обнова на Македонија продолжуваат и овој викенд, по вчерашната посета на општина Градско, денес сме во Велес, во врмовски Велес, каде што разговараме за проблемите на граѓаните, каде што се нотираат голем број на пропусти како на локалната, така и на централната власт. Граѓаните пред се се заинтересирани да изнесат дел од работите со коишто СДСМ предводени од Заев на некој начин ги изманипулираа велешани, така да замолија да се пренесат дел од работите коишто беа ветени, а до ден денес нема никаква реализација.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Таков проект е затворениот пазар, таков проект е обиколницата околу градот, можеби единственото нешто што успеаја да направат е да го реализираат затворањето на базенот, односно затворениот базен, бидејќи базенот не работи и де факто затворен.

Она што го гледаме всушност на државно ниво, предводени од криминално-рекетарската банда на Заев, тоа го гледаме и во градот Велес, укинати се сите театарски манифестации, спортот и културата буквално тонат. Но велешани тоа го имаат согледано, знаат дека правиот пат по којшто не води СДСМ не е воопшто прав, туку е тотално погрешен пат.  Затоа токму оттука од Велес ќе кажеме дека Македонија се обновува, а Заев пропаѓа  и на следните избори кои што ќе се одржат за неколку месеци, дефинитивно ќе го пратиме во политичката историја.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace