Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, како јавен советодавен сервис во земјоделството, започнувајќи од 22 март, па сè до крајот на месец април 2026 година, започнува со реализација на серија од информативно-едукативни средби со земјоделските производители директно на терен, со што ќе бидат опфатени повеќе од 250 населени места генерално во руралните средини.
Овие средби се наменски, во период кога започнуваат активностите во земјоделството, особено во растителното производство, и стартуваат подготовките за претстојната вегетациска сезона, но се разбира ќе бидат опфатени и одгледувачите на добиток и пчеларите.
Средбите ќе бидат насочени кон информирање за можностите кои ги нудат Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, но и специјализирани советодавни услуги за тековни проблематики во земјоделството.
Распоредот на информативно-едукативни средби можете да го превземете на следниот ЛИНК


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот