Граѓаните и посетителите, на Општина Виница, можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi на следната локација:
Градски плоштад ,,Ангел Винички”
Wi-Fi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.
Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Македонија и Западен Балкан.
Нашата општина, ќе биде една од 500 во регионот, кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија.
Сите граѓани и посетители, можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска.
Со оваа поддршка, Општина Виница продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“