Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски
За тоа колку граѓаните се чувствуваат безбедно говори фактот што над 520 кражби и тешки кражби се случиле само во Скопје, а нивната откривачка дејност не надминува мизерни 2%
СДСМ со своите соопштенија може да се лаже себе си, но не може да ги лаже граѓаните. 520 ограбени и трауматизирани семејства само во последниот месец ја почувствувале небезбедноста која што ја донесоа СДСМ и МВР предводена од неспособниот Оливер Спасовски.
850 криминалци од затворите и беа пуштени и сега хараат по улиците.
Секој ден билтените на МВР се полнат со убиства, грабежи, насилства и разбојништва, но за жал МВР наместо да ги превенира и решава овие случаи, се претвори во статистички орган кој што само го бележи криминалот и ништо друго не превзема.
СДСМ со тоа само го охрабрува криминалот и де факто станува него соучесник.
За да се спречи хаосот и безредието по улиците и државата треба што побрзо Оливер Спасовски да си поднесе оставка. За да се тргнат црнилата од Република Македонија треба оваа власт да падне. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори, за да падне оваа криминална власт, а тоа ќе биде и најдобрата анкета на граѓаните за да кажат колку безбедно живеат во времето на СДСМ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Болката на СДС не е грижа за граѓаните, туку грижа што не можат веќе, како до сега, да крадат
СДСМ: Политиките со „кошнички“ се покажаа како целосно промашени
Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути