Не тераат да се занимаваме со името додека тие крадат, корумпираат, рекетираат и осиромашуваат народ. Удрете ги таму каде што ги боли најмногу, удрете ги за криминалот и корупцијата, нив името не ги боли воопшто.
Во целиов хаос кој се случува во нашето општество обидете се да се фокусирате на криминалот и корупцијата, тоа ќе ви даде одговор на сите прашања. Економијата потона на дното, земјата не личи ни дека е дел од европскиот континент а камо ли дека ќе биде дел од ЕУ, личиме на територија од третиот свет во која народот мизерува и добива ќотек и врзани раце доколку се спротистави на владетелот.
Криминалец се мава за она што му е наjмило – за криминалот; државата, иднината, името, итн, ги боли патриотите а не криминалците.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“