БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бидете дел од победата која носи победи и нови проекти. Не подлегнувајте на притисоците! Издржете!

Пренеси го гласот

Ги одбројуваме последните денови од изборната кампања за Локалните избори 2021. Полека но сигурно влегуваме во завршницата.

Во изминатиот период се изнаслушавме куп небулози, лажни ветувања, бајки и фантастични приказни. Сигурна сум дека на момент секој од вас помисли дека ни тече мед и млеко и едниствен проблем во државава ни е како да ги собереме медот и млекото.

По сите анализи се чини дека народот се освестува и тоа во стилот на народната: “Народе македонски со какви идеи си ти, доста беше, разбуди се, свести се, не спи ти.” Токму сега е моментот за тоа национално будење кое ќе донесе промени за нови проекти. Затоа на 17 октомври ни се потребни мудри одлуки. Нашиот народ најдобро знае кога треба да биде и мудар и храбар, кога треба да казнува, кога да наградува.

До 17 октомври не дели уште една недела. Издржете!

Оваа недела најмногу ќе ве притискаат, ќе ве уценуваат, ќе ви се закануваат со казни. Издржете!

Притисокот кој се прави врз граѓаните е еден од основните инструменти на власта и  најпрепознатлива тактика.

Скратување на социјална помош, бришење од евиденција на невработени, укинување или намалување на субвенции за земјоделски производи, намалување на личниот доход – се само еден дел од мерките кои се применуваат за притисок врз граѓаните.

Власта тенденциозно врши притисок кај своето членство, но и врз вработените во јавниот сектор.

На јавноста веќе одамна и е познато дека преместувањата на административни службеници на  работни места надвор од нивното место на живеење стана инструмент за замолчување на партиските неистомисленици.

Од блиски извори до владејачките партии, од нивни членови, по разни портали, форуми и електронски медиуми се добиваат инфорнации дека условувањата во овој период најмногу ги чувствуваат нивните членови. Условените со вработување, се обврзуваат да носат списоци со лица кои сигурно ќе гласаат за нив, при тоа уверувајќи ги дека доколку друга опозициска партија дојде на власт ќе ги избрка. Ова говори за фактот дека на нововработеното членство се гледа само како на “број на гласачи”, при што целосно се деградира и руши нивниот углед и достоинство, како нивната егзистенција да треба да зависи од нечија политичка милост.

Но народот знае дека неговата егзистенција не зависи од нечија политичка милост. Народот знае дека повеќе од било кога се потребни промени, промени за нови проекти, проекти за просперитет и подобра иднина.

Факт е дека во изминатите  години заканите, притисоците и мобингот  најмногу го почувствуваа вработенит во јавниот сектор.Тие  се предмет на систематска и оркестрирана политичка злоупотреба од страна на политичари, носители на јавни функции, новинари и експерти.

Народе, охрабри се! ИЗДРЖИ! Дури и прифатите ги нивните уцени, но кога ќе излезете на гласање, гласајте според сопственото убедување, послушајте ја совеста, осободени од сите зкани и уцени, направете го вистинскиот чекор.

Бидете дел од победата која ќе донесе промени!

Пишува: м-р Десанка Николова

Креирано од:


Пренеси го гласот