“Не знам како ја минале ноќта моите противкандидати, потенцијални врховни команданти, ама мојата беше непроспиена поради опасната воена ескалација на Блискиот Исток.
Уште еден чекор напред кон глобална војна. Геноцидот врз Палестинците продолжува, а едвај некој и да го спомнува
Израел е фашистичка држава која сега сака целиот регион да го повлече во војна од пошироки размери. Но изгледа дека се преигра – соседните држави дигаат глава, а САД ги вооружува но калкулира. Ги чекаат избори. Бајден сака да победи пак со воени “херојства” и божемно миротворење.
Ќе речете, гледај си ја Македонија! Е да! Ама Македонија е во соседството на темпирана бомба.
Кога богатите војуваат, сиромашните ја плаќаат цената (Жан Пол Сартр)”
-фејсбук статус на претседателскиот кандидат Билјана Ванковска упатен во јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вчера си го удрив палецот од ногата во ивичњак на улица. Барам од владата….
Трамп на првиот ден ги ослободи своите соборци, се надеваме дека нашата влада ќе се ангажира да се тргне дамката која ни ја ставија предавниците
Пожарникари од Крива Паланка денеска спасиле кученце кое паднало во бунар длабок 8 метри