БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Билтен на МВР: апсење во Пехчево, лишување од слобода во Штип, 13+22 сообраќајни прекршоци во СВР Штип…

Пренеси го гласот

Полицискиот билтен во 13 декември е полн со репресивни мерки спроведени од страна на МВР врз граѓаните. СВР Штип надлежна за состојбите во дел од крајниот исток на Македонија има превземено повеќе казнени и репресивни активности врз граѓани,

“На 12.12.2023 полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода В.Б.(40) од Пехчево. Тој бил баран со потерница по наредба од Казнено поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казна затвор од три години. Лицето е предадено во надлежната казнено поправна установа.”

“На 12.12.2023 во 14.50 часот на ул. „Маршал Тито“ во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ј.Д.(20) од Штип. Полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана и грутчеста материја. По комплетирање на случајот против Ј.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.”

“На 12.12.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци од кои 9 надвор од населено место и 4 во населено место. Санкционирани биле и 22 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 5 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон, 1 за непочитување првенство на минување, 1 за непрописно престројување и 8 за непрописно паркирање.”

-стои во полицискиот билтен за три различни настани/активности превземени на подрачјето на СВР Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот