Со пијанистот/композитор Тигран Хамасијан, потентните џез импровизации се спојуваат со фолклорната музика на роднокрајната Ерменија.
Вака започнува бниографската белешка на неговиот веб сајт www.tigranhamasyan.com
“Тој е најжешкиот џез пијанист, и тој сака да ги измеша работите дали станува збор за бибоп, треш метал или дабстеп.Но неговото срце се наоѓа во голк музиката на неговата родна земја Ерменија.”- ќе напише угледниот Гардијан за Тигран.
Со своите речиси 30 години Тигран е еден од највпечатливите џез пијанисти на неговата генерација.
Од 2008 година до денес има издадено 10 изданија на носачи на звук а на интернет и социјалните мрежи може да се преслушаат/погледнат дел од неговите композиции за сите оние кои сакаат нешто поразлично од секојдневната анемична меинстрим музика.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените