Во свој стил, секогаш зборувајќи со јазикот на вистината, професорот на Филизовскиот Факултет во Скопје, Љубомир Цуцуловски во својот краток текст-статус на фејсбук именуван како “НАУКА И ПОЛИТИКА” ги истакнува причините за тоа зошто интелектуалците во државата не се поактивно вклучени во политичките процеси.
Професорот Цуцуловски вели:
-” Честопати може да се чуе прашањето, обоено со доза на прекор, зошто науката, самите интелектуалци, не се подиректно вклучени во политиката и зошто се понастрана од партискиот ангажман. Мислам дека постојат повеќе причини. Во оваа пригода, ќе наведам еден. Науката, тоа значи и интелектуалците, не знае за компромиси. Не може за науката 2+2 еднаш да биде 4, другпат да биде 5, третпат 6 или 3. За разлика од неа, политиката (најчесто) се смета за сфера на компромиси, односно за вештина на можното, став кој до баналност се повторува. Оттука, сферата на политиката и сферата на науката се различни.”
Притоа со умерена доза на жестина професорот упатува дека тоа не значи дека политиката и науката треба да се целосно инкомпатибилни.
-” Напротив, секоја умна политика би требала да биде отворена кон науката, кон интелектуалците, обидувајќи се од нив нешто да чуе и, од чуеното, нешто да разбере. Дали разбраното/наученото ќе биде спроведено, не зависи од науката/интелектуалците, бидејќи нивна задача е да нудат непристрасни решенија, а на политиката е да одлучи дали ќе ги прифати. Затоа, кога науката го напушта сопствениот терен (спознанието) и влегува на теренот на политиката, прекинува да биде она што би трабала да биде и преминува во привид на наука, во привидна наука, во наука како привид, додека политиката почнува да глуми наука. За да не дојде до вакви ситуации, во кои политиката, исто како и науката, преминуваат во паранаука, секоја од нив треба да остане во сферата што ѝ е примерена. Меѓутоа, треба да се има предвид дека науката може без политиката, но тешко на онаа политика (и, особено, народ) на која не ѝ е потребна наука, бидејќи без слух за науката преминува во отворена и безсрамна паљачо-политика.“, поентира професорот.
Неговите размислувања и пораки може да ги следите на неговата фејсбук страна за која веруваме дека во огромна мера може да понуди голем број на објективно размислувања за актуелните општествени прилики во државава.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието