БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бошко Цветковски: ЛАЖНА ВИСТИНА

Пренеси го гласот

Почитувани ,
Во време кога се работи за нешто што ни е премногу болно, мора да се запрашаме неколку работи … Кои сме ние?! Каде одиме?! Дали заслужуваме да постоиме?! Ништо не е идеално, и не живееме во некој идеален свет, далеку сме од сето тоа… Но муабетов беше зарем дојдовме до тој степен да прифаќајќи што и да ни понуди некој за некаква моментална среќа која толку многу ни фали и ни е потребна за истите ние да се почувствуваме дека сме повеќе вредни?!

Општо познато е дека денес, како нација се соочуваме со еден проблем кој во континуитет постои и се провлекува генерациски низ времето. Се работи за проблемот кој е таканаречен МТС – синдром. Ова во превод би значело Македонско – транзициски Синдром. Ние сме болно општество само по себе изминативе 25 па и повеќе години. Сите тие трауми за време на транзицијата кои му беа нанесени на овој народ го претворија во болно суштество, клекнато на земја, и изгубено во просторот…

Има ли полошо од тоа кога на човек ќе му се скрати чувството дека е човек ?

Има ли полошо кога човек кога живее во овој свет во кој живее (материјален свет) му бидат оневозможени сите благодети кои истиот ги носи ?

Постојат два одговори. Првиот е нема, нормално каде што човекот се адаптира на моменталната ситуација, а вториот одговор би бил неговото целосно губење на контактот со реалноста, сегашноста, и минатото. Кога човекот е вака добро нокаутиран од сите страни нормално е да мисли единствено на иднината. Ова значи негово целосно трансформирање во нешто сосема поинакво само поради фактот и потребата дека ние сме луѓе, и сакаме да се чувствуваме како луѓе.

И како поминува времето веќе на овој човек (изгубен во тоталниот хаос на материјалната доба), единствено му е важно да биде дел од сето она околу него , да се чувствува комотно, лагодно, и пријатно наоколу а со тоа и донекаде битно и уникатно. Не образложувам повеќе, и не би коментирал повеќе но едно знам, а тоа е дека се она кое го набљудуваме околу нас ние сакаме и да го доживееме…

Да поедноставам – Денешната популација за разлика од онаа минатата, е бомбардирана секојдневно со разни информации, фотографии на се она што е убаво и волшебно. И еве го парадоскот токму овде… Гледајќи го сето она кое не опкружува ние сме тотално изгубени во просторот до степен и да не знаеме кои сме, што сме, и што сме биле во минатото… Фокусирани сме единствено на иднината, набљудувајќи ги сите оние убави нешта кои може а и треба да ни се случат. Длабоко во нас копнееме за убави нешта…

Но дали и по цена на тоа да не знаеме кои сме биле до минатиот ден?! Дали и по цена на се она што сме учеле на училиште, ни го кажувале и не учеле од родителскиот дом додека сме растеле, дали и по цена на фактот дека сме дел од некаков историско – временски континуум кој треба да си го продолжи својот тек и понатаму ? НЕ драги мои, НЕ !! Со фактот дека нам ни е седно да го прифатиме она за кое некој ни укажува дека можеби сме и нешто друго од она што сме биле претходно, ние не заслужуваме ниту да постоиме како народ воопшто…

Зарем толку едноставно стана да се доведеме до степен да дозволиме некој друг да „знае“ повеќе за нашиот генотип од нас самите ? Дали сме можеби генетски мутирана и создадена нација која е создадена по грешка како некаков експеримент и истата треба да се неутрализира бидејќи и престанал рокот на употреба ?! Дали имаме некој создател кој не створил од некоја лабораторија глумејќи притоа БОГ ? Најлошо е кога се оди сам против себеси, мислејќи дека ќе се случи нешто поубаво и дека се ќе биде подобро. Повторно НЕ!!

Нема да се случи ништо подобро воопшто. Може само да се изгубиме тотално во просторот и времето , изневерувајќи ги сите наши претходници кои на некој начин го овозможиле нашиот денешен опстанок и постоење. Ние како местоположба со ова име сме опстоиле во времето на Вавилон, (тогашната ЕУ) сме опстоиле во Римската Империја (исто тогашна ЕУ) сме опстоиле во империјата на Александар III Македонски, сме опстоиле како земја како простор воопшто, сме опстоиле пет века под турската империја (исто тогашна ЕУ) сме опстоиле и во рамките на СФРЈ Југославија, значи сме опстоиле повеќе од 2000 години, за сега после 2000 години некој да дојде и да ни каже дека мораме да се придвижиме напред ?! Сето ова потсетува многу на библијата и на некои нејзини поглавја во која пишува многу прецизно дека треба да внимаваме и да се пазиме од лажните пророци и месии, а дека ќе се појават по 2000 години.

Значи ако библијата е напишана пред околу 2000 па и повеќе години, од тогаш се поминати исто толку. Тоа значи дека според библијата можеби ова е моментот на лажните пророци ? Дали се она што ни е предвидено тогаш ни се случува денес ?! Повторно ќе повторам на нас останува како сето ова ќе го поминеме, како ќе го доживееме и на крај како би го преживеале истото.

Потребна ни е голема мудрост, која за жал се повеќе и повеќе ни е заменета со гладот на егото, со лажните и искривени диоптрии кои некој ни ги става за да гледаме се убаво и розово притоа мислејќи ни нешто сосема друго. На нас останува како и како што, ќе постоиме и понатаму. Само на нас !!!

Да ЖИВЕЕ Република МАКЕДОНИЈА!!🇲🇰️🇲🇰️

Пишува: Бошко Цветковски
Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Лозово

Креирано од:


Пренеси го гласот