БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Божиновска на „Јас сум жена“: Нашата визија е јасна – енергетски стабилна Македонија со повеќе обновливи извори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на панел-дискусијата „Жени во енергетиката“ во рамки на Конференцијата „Јас сум жена“.

 „Нашата визија за енергетска Македонија е јасна – да бидеме земја што произведува

доволно енергија за сопствени потреби, притоа поголем дел од неа да биде од обновливи

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

извори и да имаме модерна и дигитализирана мрежа што е дел од европската енергетска

архитектура. Македонија мора да биде стабилна за своите граѓани и компании, но и

доверлив партнер во регионот“, изјави министерката.

Божиновска ја нагласи и улогата на енергетската дипломатија како алатка за обезбедување одржлива иднина – преку регионална соработка, заеднички инвестиции и интегрирани пазари.

„ Регионалниот енергетски систем е тесно поврзан – ниту една земја сама не може да обезбеди стабилност и сигурност, особено во време на енергетска транзиција. Затоа енергетската дипломатија значи да преговараме, да се договараме и да соработуваме така што сите ќе добиеме – сигурни испораки, интегрирани пазари и стабилна инфраструктура“ рече Божиновска.

Говорејќи за новоформираното Министерство, таа истакна дека неговите темели се поставени врз визија, професионалност и транспарентност, со јасна мисија – енергетиката да биде двигател на економскиот развој.

„Создавањето на оваа институција е порака дека енергетиката е срцето на економскиот развој и иднината на земјата. Во темелите ги вградивме компетентноста, отчетноста и визијата за одржлива иднина – секое наше решение мора да биде усогласено со европските зелени цели и заштитата на животната средина“, нагласи Божиновска.

Во своето обраќање, министерката посочи и на најголемите предизвици: застарената инфраструктура, потребата од инвестиции и модернизација, како и регулаторни промени што ќе ја охрабрат приватната иницијатива. 

„ Првиот голем предизвик е староста и неефикасноста на дел од постојната инфраструктура. Производните капацитети како и преносната и дистрибутивната мрежа се градени пред децении и не се дизајнирани за интеграција на големи количества обновливи извори. Тоа бара значителни инвестиции и внимателно планирање за да се модернизира системот без да се наруши стабилноста. Вториот предизвик е финансирањето. Енергетските реформи се скапи, особено кога станува збор за изградба на нови капацитети, дигитализација на мрежите и проекти за енергетска ефикасност. Затоа мора да се работи со комбинација од јавни инвестиции, европски фондови и приватен капитал. За да можат реформите да успеат, потребна е транспарентна и предвидлива регулатива што ќе го охрабри приватниот сектор да инвестира. Тоа значи поедноставени процедури, брзи дозволи и јасни правила за пазарот. И на крај, но не помалку важно, е човечкиот фактор. Транзицијата кон нов енергетски модел не е само технолошка, туку и општествена промена. Таа бара обучени кадри, нови знаења и култура на одговорност – и кај институциите и кај граѓаните“ рече Божиновска.

Таа потенцира дека реформите веќе се спроведуваат – со подготовка на нови фотоволтаични и ветерни капацитети, модернизација на мрежата и програми за енергетска ефикасност.

„Овие чекори покажуваат дека реформите не се само визија, туку реалност што веќе се случува“, рече Божиновска.

Божиновска ја искористи приликата да потсети и на започнатиот процес за институционална заштита на македонскиот рубин – единствениот во Европа што природно се вади и обработува. „Ова е национално богатство и природна гордост која заслужува вреднување и меѓународна промоција“, порача таа.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace