БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Целосен рестарт: Оваа институција повеќе не постои!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

 В.д. директорот на Фондот за иновациски и технолошки развој Никола Додов денеска со свое соопштение упатено до јавноста информираше дека оваа институција повеќе не постои.

“Овој Фонд – како што беше досега – повеќе не постои. Постои само визија за нова, чесна и силна институција, што ќе служи на граѓаните, а не на поединци. Не затоа што не ни треба институција за поддршка на иновации, туку затоа што оваа форма на институција одамна ја изгубила својата суштина.

Фондот за иновации и технолошки развој, каков што го затекнавме, беше синоним за злоупотреба, клиентелизам и заробена структура. Речиси една деценија се градел систем во кој јавните пари се претворија во личен фонд на привилегирани мрежи. Ваква форма на институционализиран криминал не само што е неприфатлива – туку е спротивна на самата идеја на државност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Институција што ја изгубила функцијата, интегритетот и довербата – не треба да постои во ваква форма.

 Време е за темелна реконструкција – со нова институционална поставеност, нов мандат и нови правила на игра. Во спротивно, не градиме иновациска економија – туку ја легализираме неправдата.

Иднината не се гради со компромис кон криминалот, туку со јасна линија помеѓу јавниот интерес и зацртани стратешки цели.

Тоа што следи – мора да биде почеток, не поправка на минатото.

Сè друго – мора да остане зад нас.

 Што направивме за една година?

 Го преземав раководењето со Фондот во состојба на длабока институционална нефункционалност.

Системот беше затворен, злоупотребен и без механизми за одговорност. Не постоеше доверба – ниту кај јавноста, ниту кај меѓународната заедница.

 За една година, спроведовме:

 Подготвени и предадени се 10тина кривични пријави до надлежните институции за сериозни злоупотреби на јавни средства, со документирани докази за несоодветно користење на буџетски средства, лажно прикажување на активности и директна повреда на договорни обврски.

 Дополнително, уште 15 предмети се обработени и предадени на надлежните органи со основано сомневање за сторени кривични дела, вклучително и организиран криминал, злосторничко здружување, фалсификат и финансиски измами.

 Спроведовме над 300 теренски посети, проверки на лице место.

 На теренот најдовме празни простории, фиктивни проекти, фантомски извештаи, лажни фактури.

 Преку 140 предмети се доставени на вештачење. Кај дел од нив се покренати постапки на извршување, поднесени се и тужби.

 Подготвени и покренати постапки за околу 50 компании заради избегнување на обврските за исплата на оперативна добивка и ројалти кон Фондот.

 Кога го преземав Фондот за иновации и технолошки развој, на сопствената сметката имаше нешто помалку од 15 милиони денари. Заклучно со денес, таа бројка е околу 80 милиони денари.

 Околу 100 милиони денари се вратени назад во државниот буџет – средства кои биле злоупотребени од компании што се обиделе да го изиграат системот и противправно да се богатат.

 Раскинати се повеќе од 40 „иновативни“ проекти поради утврдени злоупотреби на средства односно не исполниле ништо, а зеле сè.

 Во тек е подготовка на црна листа на компании, стручни лица и консултанти кои ја злоупотребиле положбата, правилниците и Законот за иновациска дејност.

 Секако почнавме и со поврат на довербата

• Повторно воспоставена соработка со Европската Унија, УНИЦЕФ, ИМЕ, УНДП и други
• Поддржани нови програми за млади, дигитални вештини и неформално образование
• Го поддржавме ИНОФЕИТ ЕДИХ – првиот македонски Европски дигитален иновациски хаб
• Организирани јавни настани, дебати, соработка со универзитети и приватен сектор

 Државата не е спонзор на злоупотреби, ниту партнер на оние кои парите од граѓаните ги трошат за лажни проекти, фиктивни активности и лични интереси.

Само едно ќе напоменам – „Ниту еден денар не е заборавен. Ниту еден сторител нема да биде недопрен.“

Затворањето на ФИТР во оваа форма е логичен и неопходен чекор. Секоја институција што ја изгубила функцијата, интегритетот и довербата – треба да отстапи место за нова, посилна и покредибилна структура.

Сметам дека треба да има институција која нема да зависи од лични интереси, туку од идеи, резултати и визија.

Таква институција ќе ја добие мојата поддршка таа да се изгради и да функционира по највисоки стандарди на интегритет и резултати.

Тоа што следи – мора да биде силен почеток, не поправка на минатото,”

-напиша на социјалните мрежи Никола Додов- в.д. директор на ФИТР.

Креирано од:


Пренеси го гласот