Еден од најстарите во светот, прилепскиот Интернационален скулпторски симпозиум организиран од Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп, одбележа 55 години од своето постоење.
Во таа чест, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ се организира свеченост, на која присуствува голем број посетители од културниот и јавен живот. Претседателот на Центарот за современа ликовна уметност, Горан Ристески ја отвори свеченоста :
„Ми претставува посебна чест и задоволство што минатата година прославивме 60 години од првата Интернационална сликарска колонија. Годинава одбележуваме 55 години од скулпторскиот симпозиум, а веќе следната година прославуваме 25 години од Интернационалното атеље за скулптура во метал“.
Во изминатите пет и пол децении, на Интернационалниот скулпторски симпозиум учество зеле 164 скулптори од повеќе од 25 држави од светот.
Годинава, покрај двајцата учесници од Македонија, на симпозиумот учествуваат и четворица скулптори од Шпанија, Хрватска, Србија и Црна Гора.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист