Во Народниот театар во Гевгелија, се одржа фасцинантна фолклорна вечер. Пред многубројните гости се претстави ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија, фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци и, како гости на ансамблот „Бојмија, фолклорното друштво „Мали Шчизичани“ од градот Шчизич, Република Полска.
Трите ансамбли пред многубројните гледачи го претставија богатството на македонскиот и полскиот фолклор.
Посебно внимание и интерес на публиката предизвика настапот на гостите од Полска кои го презентираа богатството на фолклорот на регионот Лах шчижички, кој се засновува на забава, пеење и специфична игра за тој регион, при што користат платнени топки, платнени кукли, кошници, јажиња и други реквизити.
Покрај концертот во Гевгелија,домаќините и гостите од Полска настапија и во Домот на културата во Богданци.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина