БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Чемер и јад денеска на Мечкин Камен

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Според сцените достапни во јавноста и сведоштвата на присутните Македонци кои што денеска беа присутни на Мечкин Камен во Крушево, одбележувањето на годишнината од Илинденското востание не се памети кога последен пат било со ваква чемерна и морничава атмосфера.

Строгите протоколарни правила и репресија на власта со целата нејзина жестина овозможи сосема мал број посетители во споредба со минатите години да пријдат на славниот Мечкин Камен за да се поклонат пред олтарот на револуцијата за Македонската слобода и самостојност.

Дополнително од страна на репресивната власт беше оневозможено движењето на Илинденската коњаница која што од различни краеви на државата секоја година традиционално дефилира покрај Мечкин Камен за помен на загинатите комити од четата на Питу Гули и останатите востаници.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

При појавувањето на владините претставници на Мечкин камен, истите беа исвиркани и дочекани со скандирања “Никогаш северна, само Македонија”.

Ова е втора година по ред чествувањето на Илинден да се реализира со незаконски и насила наметнатото име “северна” на државата кое што беше променето противуставно од страна на 80 пратеници во Македонското собрание.

Креирано од:


Пренеси го гласот