БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Четириесетина деца од претшколска возраст од Кочани, ќе се вклучат во проектот „РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во блиска иднина се очекува да се започне со работа со групата деца на претшколска возраст од кочанското село Тркање, формирана со проектот „Ран детски развој“. Тоа е една од вкупно две групи кои се опфатени со овој проект што го финансира УНИЦЕФ чија цел е да овозможи згрижување и воспитување на деца од возраст од 3-6 години во средини каде нема соодветен пристап за таква социјална заштита.

“ Мал застој има со групата деца што ќе бидат сместени во комплексот „АСНОМ“, затоа што Комисијата при Министерството за труд и социјала даде забелешки за приодот до просториите кои беа договорени за таа намена. Сега понудивме нови простории на истата локација, во Спомен домот „АСНОМ“, кои се надеваме дека ќе бидат прифатени од Комисијата”

– изјавил Александар Јосифов, секретар на Општина Кочани. Во „Ран детски развој“ ќе бидат згрижени 40-ина деца, од кои дел од ромската заедница, а дел кои живеат во рурална средина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот