БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Цветан Трипуновски на увид на водоснабдителниот систем во светиниколско

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Увид во состојбата со каналската мрежа за водоснабдување на земјоделските површини во светиниколско, денеска направи дополнителнит заменик министер за земјоделиe, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Годинешнава реколта на произвотство на ориз е доведена во прашање поради неисчистената каналска мрежа и недостигот на вода за оризовите полиња за што оризопроизводителите ќе трпат загуби во својот бизнис, соопшти Трупуновски за време на посетата.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата изјава:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денеска со моите теренски активности бев во општина Свети Николе, пред се. Го посетив населеното место Црнилиште каде што направив увид во системот за наводнување во тој регион и она што можев таму да го воочам е дека иако водата е во каналите присутна, меѓутоа во секундарната мрежа не е пуштена за да стигне до нивите на земјоделците затоа што каналската мрежа ниту е чиста ниту е во функција, а исто така продолжив и сум во посета на Чешиново Облешево.

Од она што ме информираа дека сеидбата на оризот оваа година доцнеше речиси дваесетина дена што можеби сериозно ќе се одрази на нареднава реколта на оризопроизводството. Доцнењето беше пред се поради тоа што има неисчистена каналска мрежа.

Со овие посети јас сакам да го анимирам и министерот Димковски и директорот на А.Д. Водостопанство сериозно да си ги земат работите во свои раце. Да излезат на терен и да ги решаваат и да ги превенираат проблемите затоа што знаете во оваа тешка економска ситуација која што го зафати светот на глобално ниво. Кај нас да не биде само лицемерно дека Зоран заев и Трајан Димковски се грижат за земјоделците и сакаат да им помогнат, а она што ќе го видиме на терен е дека имаме нерешени проблеми, неисчистени канали и практично една летаргија во овој аграрен сектор.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace