БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Д-р Адријана И. Велковски: Убедена сум дека во наредниот период ќе има интензивен развој на културата во сите дејности во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Д-р Адријана Илиевска Велковски во текот на вчерашниот ден заедно со Д-р Билјана Димитровска на покана на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” од Делчево присуствуваа на отворањето на изложбата на дела од 32 Лесновска ликовна колонија која е поставена во Фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево.

Во врска со овој значаен културен настан Д-р Адријана И. Велковска упати своја порака во јавноста за значењето на самиот настан но и за перспективите за развој на културата во наредниот период.

“Денеска имав убава можност да присуствувам на отварањето на изложбата на уметнички ликовни дела од една од најзначајните ликовни колонии во Република Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Лесновската ликовна колонија од Пробиштип е значаен културен настан со богата 32 годишна традиција.

Уметничките креации што бројните посетители во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево имаа можност да ги видат имаат безвременска убавина и вредности во кои се испреплетуваат убавините на природата, духовноста на Лесновскиот манастир и имагинацијата на врвните уметници.

Убедена сум дека Општина Делчево и НУЦК ” Никола Јонков Вапцаров” Делчево во наредниот период ќе воспостават зголемена соработка со што за нашата општина ќе обезбедат интензивен развој на културата во сите дејности.”

-стои во соопштението упатено во јавноста од страна на д-р Адријана И. Велковски

Креирано од:


Пренеси го гласот