Јавноста на крајниот исток од државата но и од цела Македонија беше ужасната од немилите сцени на огромни пожари во изминатите години кои ги пустошеа планините во овој дел од Државата. Опустошени беа огромни површини на шуми по што планините останаа соголени од својот живописен шумски изглед.
За надминување на ваквата состојба а со цел да се создаде поубава иднина за граѓаните на истокот од државата преку облагородување на животната средина со позитивен пример и конкретни дела членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за крајот на месецот најавуваат голема акција за пошумување на опожарени површини.
“Времето кое ни е дадено најдобро да го искористиме во создавање на нашата иднина!
А има ли подобар начин за таа цел од засадување на дрвца?
Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево во соработка со голем број граѓани и организации на 30ти НОЕМВРИ реализира еко-акција за пошумување и обнова на шумите во Источниот регион.
Под мотото “Да ги вратиме шумите на ИСТОКОТ” имаме за цел да засадиме неколку илјади дрвца со кои сакаме да ја вратиме убавината на нашите планини.
Ги повикуваме сите граѓани од Делчево и околните општини кои се во можност да ни се приклучат во оваа акција и на тој начин да покажеме како се сака родниот крај.
Настанот е закажан за 30.11.2024 година во атарот на село Нов Истевник.
контакт тел: 077/644-077″
-стои во соопштението на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!