НЕ!
Во “свилено” интервју за GQ магазинот холивудскиот актер Бред Пит зборува за неговите чувства на осаменост низ одредени периоди од неговиот живод. По раскинувањето на бракот и врската со Анџелина Џоли, Бред Пит е сингл кој што се обидува да живее нормален живот на самец. Имало период од 11 месеци кога се борел против алкохолизмот кој што му бил единствено бегство од депресијата и самотијата. Во овие негови напори тој посетувал и групна терапија на анонимна група на алкохоличари каде што успеал да се избори против овој негов порок. Во интервјуто исто така тој признава дека се борел со ниско ниво на депресија подолг период.
Бред Пит е еден од најпознатите и најзначајните холивудски актери во последните неколку децении со филмови кои што оставија значаен културолошки белег на светската поп култура. Минатата 2022 година Бред Пит беше актуелен со неговите улоги во “Возот Куршум” и “Вавилон” каде го манифестира својот раскошен актерски дијапазон на глума.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традиција што инспирира: 38. изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ на 15 мај во Сули ан
Нов визуелно-емотивен видео запис за песната “Идни денови” [Future Days] на Pearl Jam
Легендата за ИП Ман- учителот на Брус Ли