БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали (не)изградбата на Клиничкиот центар во Штип може да биде причина за истрага на надлежните за злоупотреба на службените позиции

Пренеси го гласот

Клиничкиот центар во Штип кој што до сега требаше да биде изграден и да беше ставен во функција на потребите на граѓаните од нашиот регион денеска беше предмет на прес конференција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот Димче Арсовски денеска го прозва претходниот министер за здравство Венко Филипче за испумпувањето на 2,5 милиони евра народни пари на сметката на грчката фирма која што требаше да го гради Клиничкиот центар во Штип, но наместо тоа фирмата била со блокирана сметка и не работела на изградбата на овој значаен здравствен објект за жителите во Источна Македонија.

Дополнително Арсовски во јавноста упати на сомневање дека Бојан Маричиќ како министер за поравда влијаел на правосудните органи да ја одблокираат сметката на грчката фирма за да може да се трансферираат парите од буџетот на граѓаните на Македонија за потоа да бидат овие пари префрлени во странство а на домашните добавувачи кои работеле како подизведувачи за оваа фирма им останале само долговите.

“Пет години владеење на СДСМ и на оваа влада која како што видовме освен расипничка не е ништо друго и се уште нема ниту трага ниту глас од Клиничкиот центар во Штип. Како и секој еден крупен капитален проект во време на СДСМ, ниту овој проект нема да види бел ден со нив.

Цели пет години поминаа, а СДСМ не стави ниту една цигла и не закова ниту една шајка во Клиничкиот центар во Штип. Откако го доживеаја огромниот пораз на локалните избори и свесни дека ќе си заминат од позициите во Владата, Венко Филипче прв побрза и се сети на Клиничкиот центар во Штип, но не за да го гради, и за да биде во корист на граѓаните, туку за да Венко Филипче исплати 2.5 милиони кон грчката фирма која го гради, Интракат и тоа изведувајќи сериозна операција каде биле вклучени најверојатно според пишувањата на медиумите, повеќе министри од владата на СДСМ што е и извршен притисок врз судството за да се одблокира сметката токму на оваа фирма Интракат, која должи на над 600 македонски компании подизведувачи. Според написите во медиумите тогашниот министер за правда Маричиќ издејствувал во месец ноември 2021 веднаш по локалните избори да се одблокира сметката на фирмата Интракат од страна на Судот и баш тогаш кога била одблокирана, Венко Филипче во неколку трансакции во неколку наврати ги префрлил тие 2.5 милиони евра. Филипче платил 2.5 милиони евра, на фирма која повеќе од 1.5 година нема ниту еден вработен на објектот и е со блокирана сметка до неодамна. Наместо да го раскине договорот Филипче, тој им исплатил сериозна сума на пари. Милионска сума на пари буквално за ништо, вели Арсовски.

Веднаш потоа, сите пари биле испумпани надвор од Македонија во странство. Долгот кон тие над 600 компании во Македонија кои биле подизведувачи останува неисплатен.

Повторно прашуваме, Дали Бојан Маричиќ извршил притисок врз граѓанскиот суд да ја тргне блокадата на сметката на Интракат? Дали фирмата Интракат преку странски сметки ќе дава провизии и ќе исплаќќа провизии за овие милионски трансакции на македонски политичари? Проценете сами. Едно е јасно. Криминалот на СДСМ секогаш од далеку мириса и се гледа

-соопшти Димче Арсовски во врска со овој акутен проблем за граѓаните на Источна Македонија..

Креирано од:


Пренеси го гласот