БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали се подготвува уште поголемо предавство на Македонските национални интереси?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес-конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ ја алармираше јавноста за можноста дека актуелната власт на чело со Димитар Ковачевски подготвуваат уште едно национално обезличување на Македонскиот народ.

Во продолжение интегралниот текст на прес конференцијата на пратеникот Драган Ковачки:

“Во преговорите со Бугарија, не смее да биде оспорена македонската национална посебност, ниту пак засебноста на македонскиот јазик. Имаме информации дека дејствијата на Ковачевски во процесот на преговори се многу подлабоки од менување на Уставот, и внесување на Бугарите во Преамбулата. За оваа наша теза говори и фактот што се случи, а тоа е премиер кој води преговори да одбие национално единство и подадена рака за преговори. Се случи да одбие неспорна Декларација за Гоце Делчев, како и понуда да се разговара за секое отворено прашање.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сето ова отвора сомнеж дека во прашање е многу повеќе од Уставот, а тоа е национално осакатување преку задирање во јазикот, историјата, па дури и со решение да не блокираат на европскиот пат. Затоа бараме писмени гаранции кон кои ќе се обврзе Бугарија, а зад чие барање ќе застане Ковачевски. Ковачевски мора да знае дека привремената заслепеност од функцијата е минлива, и дека не смее да има пазарење на сметка на македонските национални интереси. И тоа треба да му го каже и на неговиот министер Бујар Османи. Дополнително Ковачевски треба да побара гаранции и од Брисел, дека нема да има повеќе кочење на патот кон ЕУ, и безброј нови барања од Бугарија. Како држава, премногу долго сме блокирани поради ирационални спорови кои немаат никаква врска со европските вредности, и премногу долго се молчи за апсурдите поради кои е блокирана Македонија на патот кон ЕУ.

Македонија мора да добие писмени гаранции дека никој веќе нема да ја блокира само заради тоа што не сакаме да правиме ревизии на историските вистини коишто се потврдени од антифашистичката коалиција во Втората Светска Војна.

-Никој нема право да ни го оспорува членството во ЕУ и никој нема право да го блокира просперитетот на нацијата. Овој народ одамна заслужи да ги отпочне преговорите со ЕУ, без никакви дополнителни толкувања и условувања,”

-соопшти Драган Ковачки од прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace