Во текот на вчерашниот ден две женски лица пријавиле напад поради финансиски недоразбирања во СВР Тетово.
Прво, 24-годишната М.З. од Битола, со престој во Тетово, вчера во 13 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека на втори овој месец околу 17 часот била физички нападната од тетовецот Н.М. поради нивни нерасчистени должничко-доверителски односи.
Ноќеска, пак, во 4 часот и 30 минути, 33-годишната З.К. во СВР Тетово пријавила дека час и половина пред тоа на улица „Јане Сандански“ во Тетово била физички нападната од 30-годишниот Р.Б. од тетовско Церово, поради финансиски недоразбирања.
Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање и на двата случаи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор