Денеска во просториите на општина Делчево се реализираше третата форумска сесија на т.н. Буџетски форум во рамки на креирањето на Буџетот на оптина Делчево за наредната 2024 година.
Во рамки на трите форумски сесии преку процес на идентификација и приоретизација на повеќе таргет групи кои учествуваа беше воспоставена листа на приоритети за реализација на проекти за 2024 година на чиј врв се најде приоритетот за изградба на старечки дом во Делчево, со оглед на се поголемата потреба за ваква институција во Делчево.
“Согласно со гласањето според изработената предлог-листа на приоритети од претходните две сесии на која се најдоа 51 приоритетен проект и 18 препораки, изградбата на старечки дом во Делчево е прв приоритет за граѓаните на Делчево за реализацијата. Според освоените бодови, се селектираше и листа од 10 приоритетни проекти:
– Изградба на старечки дом;
– Изградба на кружни текови во Делчево;
– Изгработка на техничка документација на нов објект-куќа на културата за „Копачката“, Локалниот музеј на Делчево и библиотеката;
– Пристапност со лифтови за ученици со инвалидитет во сите училиште;
– Изградба на тротоар и осветлување од потегот на бензиската пумпа „Дади-компани“ до новиот градски пазар;
– Реконструкција на системите за греење во сите училишта;
– Тампонирање на патот за с. Косово Дабје;
– Асфалтирање пат до маалата во с. Вратиславци;
– Изградба на игралиште со реквизити за деца до 7 години;
– Стипендии на ученици и студенти со телесен инвалидитет.
Инаку, сите предложени 51 проект ќе бидат земени предвид и нивната реализација не зависи од ранг-листата туку од техничката изводливост и финансиските капацитети на Општината.”
-информираат од општина Делчево
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Некој од неговите сериозно го “лизнал” Филипче во Делчево
Двајца виничани физички нападнале фудбалер на ОФК “Карбинци” во соблекувална на градскиот стадион во Виница
Група беровчани физички се пресметувале во двор од семејна куќа при што двајца се обиделе да употребат остри предмети