БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денешната прес конференција на Богданка Кузеска е доказ за исправноста на политиките на Владата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денешната прес-конференција на СДС и настапот на Богданка Кузеска се најдиректна демонстрација на исправноста на нашите позиции! Уште еднаш ја направија јасна суштината на нивното дејствување во правосудниот систем.
СДС повторно се обидува да ја наметне старата матрица каде секоја институционална одлука што не им одговара се прогласува за притисок, а секој обид за расчистување со практиките од минатото се етикетира како елиминација. Тоа не е ништо друго освен обид да се задржи влијанието врз обвинителството преку наративи кои одамна се прочитани.
Овој систем не смее да толерира ниту најмала дамка. Ако сакаме здраво и кредибилно обвинителство, мора да се расчисти со сè што со години ја поткопуваше неговата улога од селективност, влијанија, неформални центри на моќ до затворени кругови кои одлучуваа наместо законите.
Ова не е тема од денес за утре. Не е прашање за дневно политички поени, ниту за исполнување на медиумскиот простор со прес-конференции.
За жал, СДС очигледно не сакаат да ја прифатат оваа реалност. Наместо поддршка за темелни реформи, гледаме обиди за релативизирање и одбрана на состојби кои овозможуваа заштита на криминалот преку институциите. Вистинската реформа значи одговорност за секого без исклучок. Значи систем во кој нема недопирливи и нема простор за толкување на правдата според потребите на поединци или групи.
Наместо јасна поддршка за воспоставување ред и доследна примена на законите во обвинителството, сведочиме на отворена одбрана на структури и поединци кои со години го разградуваа системот одвнатре. Истите тие кои ја претворија правдата во алатка за селективност, денес се претставуваат како нејзини најголеми заштитници.
Особено е симптоматично што токму тие што создадоа амбиент во кој обвинителството беше синоним за недоверба, денес држат лекции за независност и професионализам. Ваквата реторика е чиста одбрана на позициите и мрежите кои со години функционираа без вистинска одговорност.
Граѓаните јасно гледаат дека за нив никогаш не било приоритет заштитата на правдата, туку за обид да се спречи нејзиното конечно спроведување без селекција и без привилегирани.
Но, ВРЕМЕТО КОГА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИМ СЛУЖЕШЕ КАКО ПРОДОЛЖЕНА РАКА – МОРА ДА З А В Р Ш И!

Креирано од:


Пренеси го гласот