Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во својата нова колумна која ја објавува на порталот ПлусИнфо.мк чиј што раководител е новинарот Бранко Героски алармира за притисоците на власта врз слободниот говор на медиумите и новинарите.
Димче Арсовски како поранешен колумнист во Слободен печат каде уредник беше Бранко Героски, пред да претрпи непријатности и откако се повлече од уредничката позиција на овој медиум меѓу другото во својата последна колумна вели:
Цели четири броја од весникот „Слободен печат“ имав можност моите ставови и размислувања да им ги претставам на граѓаните преку пишан збор, за веднаш уште после првата објавена колумна во весникот, да почнат и притисоците и маките од СДСМ кон доскорешното уредништво. Епилогот го знаете, заради непремостливи разлики помеѓу сопствениците на „Слободен печат” (читај блиски луѓе на Заев и на СДСМ) и уредникот Героски, беше поднесена оставка од уредникот за да не мора да се трпат притисоците и глупостите од овие првите. Веднаш потоа следеше и-маил адресиран до мене, каде што ми се прекинува соработката, бидејќи не се знаело дали јас пренесувам лични ставови или на партијата и не било во ред портпарол на партија да пишува колумни во весник. Не било добро за весникот. Нормално, по директна наредба на Заев и на СДСМ.
Па продолжува:
Ова доволно говори за ситуацијата со слободата на медиумите и слободата на говорот во Република Македонија. Штом се подготвени на ваков чекор на задушување, нека бидат подготвени и да ја водат војната преку која ќе бидат разобличени и СДСМ и целата влада, а верувајте веќе ја губат и сигурно ќе ја изгубат. Пред да преминам, сакам само да им порачам дека им се ближи крајот. Што повеќе замолчувате, толку повеќе народот не ви се плаши и наоѓа алтернативни решенија да ви ја скрои капата за криминалот што го правите. Затоа ви велам, загубена е таа војна, прашање е кога ќе се предадете.
Одредени луѓе од СДСМ, организирани во мафија-рекет стил, уценуваат, се закануваат, заплашуваат, рекетираат, едноставно тероризираат бизнисмени и кого стигнат и кога некој реши да им застане на патот на самоволието, тие одлучија да го замолчат, вршејќи му притисоци на работното место, нарачувајќи му вести по жута-штампа сајтови, за на крај да му порачаат дека ќе го бањаат во Вардар. Какви уплашени слабаци од прв до последен, несвесни за последиците кои ги предизвикале од првиот момент кога тргнале да рекетираат и да тероризираат, дека сето тоа ќе им се врати и удри од глава.
Целата колумна на Димче Арсовски можете да ја прочитате на порталот ПлусИнфо.мк