БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Димче Арсовски: Во Република Македонија во моментов незаконски се прислушува

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешен брифинг пред партиското седиште Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ја алармираше јавноста за скандал на ново прислушкување во Република Македонија од 2016 година одкако СДСМ е на власт.

Во продолжение го пренесуваме Интегралниот текст од изјава за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

“Секогаш кога СДСМ е на власт, во Република Македонија се прислушува.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во Република Македонија во моментов незаконски се прислушува.

Институциите и граѓаните по доаѓањето на однародената и криминогена власт се под целосен надзор на Заев и Спасовски. Јавното признание на државниот обвинител е огромен скандал за кој некој мора уште веднаш да поднесе одговорност со оставка.

Денеска во Владата на СДСМ, кога СДСМ е веќе година ипол на власт, се соочуваме со скандал за прислушкување кој е премногу сериозен и отвора прашања околу независноста и професионалноста на работењето на Јавното обвинителство. Неколку пати кажавме дека Јавното обвинителство постапува по одредени политички цени. Кој и зошто ги слушал јавните обвинители и ја следел нивната комуникација? Дали на ваков начин се вршело влијание врз предметите и постапките кои се водат изминативе две години?

ВМРО-ДПМНЕ го осудува, секое незаконско прислушување кое ја нарушува приватноста на граѓаните и служи за контрола и закана врз институциите.

Ова е скандал, кој што мора веднаш да се расчисти и актуелната Влада да сноси одговорност.

Отворено се сомневаме дека во моментов не се следат само комуникациите само на криминалните банди поврзани со картелот на власт!

Бараме одговор и од новоформираната ОТА, и од надлежните судови и од ЈО и од УБК дали во моментов функционира системот за следење на комуникациите и дали воопшто се постапува барем по една наредба од надлежните органи за документирање на криминалитие на мафијашките кланови?

Дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално?

Дали образложението за неследењето на криминалните банди е дека има одредени потешкотии?

Конечно, кој ќе сноси одговорност од СДСМ и од власта и за овој скандал со прислушување?

За вакви снимки зборуваше и градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар кој јавно се закани дека ги прислушува вработените во општината.

Почитувани,

Секогаш кога се случува скандал со нелегално прислушување, секогаш ама баш секогаш, се замешани кадри од СДСМ.

Така беше и со аферата „Големото Уво“, така беше и со бомбите кои ги пушти во оптек СДСМ, еве и сега кога СДСМ е на власт се случува нов скандал на нелегално прислушување.

Одговорност од власта и од СДСМ мора да има и тоа мора да има уште веднаш!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace