Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Македонска Каменица е кандидатот за градоначалник од редовите на опозициската партија на претстојните Локални избори.
Оваа информација ја соопшти Димчо Атанасовски предмалку на социјалните мрежи:
“Почитувани роднини, пријатели, почитувани сограѓани. Од денес, мојата кандидатура за градоначалник на Македонска Каменица е официјална. Голема благодарност до сите членови на ОК ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица за поддршката која ми ја дадовте на партиските анкети. Огромна благодарност за укажаната доверба упатувам до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицковски и членовите на Извршен и Централен Комитет.
Драги сопартијци, почитувани Каменичани, со нова енергија и јасна визија од утре започнуваме со политичката кампања за претстојните локални избори. Упатувам апел до сите каменичани на кои им е преку глава од овој каменички хибриден режим, од овие лажливи, мрзеливи и криминални локални шерифи, активно да се вклучите во политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ, за да заеднички во нашата општина ставиме крај на матните тендери, партиските вработувања и неработливоста. Мојата врата ќе биде отворена за сите кои ќе сакаат да предложат проект – идеја за развојот и просперитетот на Македонска Каменица. Послушниците на Заев повеќе не смеат да бидат носители на јавни функции. Такви криминалци не смеат да ја водат нашата општина.”
-Напиша Димчо Атанасовски на фејсбук.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево