БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Докторот од Токсикологија со свој предлог за решавање на хаосот со паркинг просторот во Клиничка болница Скопје

Пренеси го гласот

Докторот од Токсикологија, Нико Беќаровски со свој коментар на социјалната мрежа фејсбук даде свој предлог за решавање на хаосот со паркинг просторот во Клиничката болница во Скопје:

ЈАС ДА СИ КАЖАМ (45) Овие денови стотина здравствени работници и многу поголем број граѓани ме прашавте зошто немам никаков коментар за одлуката за давање на паркинзите во комплексот Клиники на приватна странска компанија.

Својот став многупати јавно, но и на дел од поранешните Министри за здравство сум им го презентирал, кога воопшто не постоеше ова решение, НО ЕВЕ УШТЕ ЕДНАШ ЌЕ ГО ПОВТОРАМ.

1. На местото на сегашниот паркинг меѓу ГАК и Хирургија со јавно-приватно партнерство да се изгради модерен мултифункционален, мултидисциплинарен #УРГЕНТЕН_ЦЕНТАР, кој ќе биде поврзан со топли ходници со зградата на ГАК, Хирургија, РТГ институтот и Интерните клиники. Колите на Брза помош по оставање на пациентот веднаш да заминуваат од излезот под Онкологија.

2. Приватните возила да може да донесат пациент до Ургентниот центар, а по сегашниот пат меѓу Стоматологија и Хирургија да може да се паркираат ИСКЛУЧИВО во три или четири катна монтажна гаража на местото сегашниот централен паркинг покрај црквичката и бараките. Излезот за овие возила да биде исклучиво преку излезот кај Деканатот на Медицинскиот факултет.

3. За сите вработени во Клиничкиот комплекс да се изгради монтажна катна гаража на местото на паркингот кај модуларната болница.
Влезот и излезот за вработените да биде исклучиво преку реконструираната и проширена улица “Белградска”, која во моментов е комплетно руинирана.

4. Сите инвестиции поврзани со овој проект да ги преземе приватниот инвеститор, а добивката во првите 25-30 години да се дели 75% : 25% по што комплетно би се предал на управување на Клиниките или МЗ.

5. За покачување на цената на паркирање да не може да се донесе одлука без одобрение од КЦ односно МЗ.

И тогаш и денес и утре мислам дека ова е оптималното решение за паркирање во постојниот комплекс на клиниките.

-напиша на фејсбук Д-р Нико Беќаровски

Креирано од:


Пренеси го гласот